„Коха“: Речиси исчезна темата за визна либерализација за Косово

Од:

Постојат две теми на кои ЕУ се фокусира најмногу кога станува збор за Западен Балкан, а ниту една не е визната либерализација за косовските граѓани.

Првиот е обид за постигнување компромис за почнување на пристапните преговори со Скопје и со Тирана, а вториот е очекуваното продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, објави Коха Диторе.

Тие теми се преокупација на Брисел, додека визниот проблем за Косово речиси исчезна, се наведува во текстот.

Пред самитот во Загреб, постигнат е притисок да се постигне компромис за Северна Македонија и Албанија, или барем за Северна Македонија, но визната либерализација за Косово не е на агендата, велат дипломатски извори во ЕУ.

Повремено, тоа прашање се споменува во пониските работни групи, со тоа што некои земји-членки, особено Франција и Холандија, исто така испраќаат пораки до државите да не се откажуваат од визното откажување за косовските граѓани, но за да се стави како точка на дневен ред „не е вистинското време“, наведува Коха.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он