„Коха диторе“: Тачи ја призна Северна Митровица

Од:

Приштинскиот весник „Коха диторе“ напиша дека косовскиот премиер Хашим Тачи ја призна Северна Митровица како посебна општина, кога го прифати планот за имплементација на бриселскиот договор.

Согласно со Уставот и законите кои што се на сила на Косово, парлементот треба да донесе посебна одлука за формирање на општина Северна Митровица.

Според весникот општината ќе има дополнителни овластувања да даде второстепена здравствена заштита, вклучувајќи и регистрација и лиценцирање на установи за здравствена заштита, вработување, плаќање на лични додатоци и обучување на здравствени работници.

Општината ќе има овластување и во основно, средно и високо образование, вклучувајќи и регистрација на образовни институции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска