„Коха Диторе“: Изборите во Косово на 6 октомври

Од:

Граѓаните на Косово ќе се упатат кон гласачките кутии првата недела на октомври, доколку пратениците денеска гласаат за распуштање на Собранието, пишува весникот „Коха Диторе“.

Шести октомври како можен датум за одржување на предвремените избори косовскиот претседател Хашим Тачи ѝ го спомнал на претседателката на Централната изборна комисија (ЦИК) Ваљдете Дака, на средбата што вчера ја имаше со неа.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, извор од кабинетот на Тачи информира дека, според она што е разговарано со Дака, изборите ќе се прогласат веднаш по распуштањето на Собранието.

– Претседателот изјави дека доколку се распушти собранието в четврток, тој еднаш в петок, или најдоцна в понеделник, ќе го декретира датумот на предвремените избори. Тој одлучи изборите да се одржат на 6 октомври. Предвидената динамика може да се смени единствено доколку Собранието денеска не се самораспушти, вели изворот на „Коха Диторе“.

Косовското Собрание за денеска во 10 часот свика седница на чиј дневен ред е гласањето за распуштање на законодавниот дом, со што се отвора патот за предвремените парламентарни избори.

Пред гласањето за самораспуштање на шестиот парламентарен состав на Косово, како прва точка на дневниот ред на денешната седница е ратификацијата на финансискиот договор со Европската унија, со кој Косово треба да добие околу 100 милиони евра од ИПА фондовите.

По оставката, пред нешто повеќе од месец дена, на премиерот Рамуш Харадинај, косовските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, се договорија Собранието да се самораспушти на 22 август, по што претседателот Тачи треба да ги прогласи предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Полициска службеничка во Гњилане ги уби родителите и два брата, па се самоуби

Предраг Петровиќ

Пукотници во Гњилане, сомнежи за повеќекратно убиство

Ана Ололовска

Тачи: Време е Косово да се опреми со модерно оружје

А1он

Помпео: Независноста на Косово останува клучна за стабилноста на регионот

Предраг Петровиќ

Официјална Тирана ја честиташе 12-годишната независност на Косово

Ана Ололовска

Борел: Во март ќе биде именуван претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина

Ана Ололовска