„Коха Диторе“: Хан бара Приштина и Белград да прогласат „прекин на огнот“

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан предлага посебен формат за решавање на економските пречки меѓу Косово и Србија, со тоа што двете земји ќе согласат на „прекин на огнот“, односно ќе се воздржат од натамошни меѓусебни провокации, кои ја зголемуваат напнатоста меѓу нив, пишува приштинскиот весник „Коха Диторе“.

Извори од канцеларијата на Хан за весникот изјавиле дека за време на неговата последна посета на Приштина и Белград, тој им предложил на двете страни „да се позанимаваат со разните иритирачки акции по прашање на трговијата во одреден формат“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, тоа воедно би го деблокирало дијалогот за решевање на отворените прашања меѓу двете земји, што се води со посредство на ЕУ во Брисел.

„Предлогот останува на маса и останува на двете страни да се позанимаваат со него“, се вели во соопштението од канцеларијата на Хан доставено до „Коха Диторе“.

Европската унија, како и САД, бараат од Приштина да ја укине или да ја суспендира таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Косово, меѓутоа косовскиот премиер Рамуш Хардинај упорно го одбива ова барање, нагласувајќи дека санкциите ќе останат во сила се додека Белград не го промени „агресивниот и деструктивен однос“ кон Косово и не ја признае неговата независност.

Од друга страна, Белград одбива да седне на преговарачка маса за продолжување на преговорите, се додека Приштина не ја укине таската која ја воведе кон крајот на ноември минатата година.

Би можело да ве интересира

Се ожени еврокомесарот Јоханес Хан

Хан најавува буџет на ЕУ со посилна моќ

А1он

Хан на „Твитер“: Крајно време е земјите-членки на ЕУ да го испорачаат своето

А1он

Велосипедист го нападна Јоханес Хан и му се закани со шлаканица

Ана Ололовска

Хан: ЕК за Северна Македонија ќе предложи влегување во подготвителната фаза на преговори

Хан: Популистите никогаш ништо не направиле