Коѕијас се одмора на грчки остров и пишува книга за Договорот од Преспа

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во неговата викендичка на грчкиот остров Алонисос, пишува книга посветена на Договорот од Преспа.

Според грчките медиуми, како што jави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас од почетокот на летото е на Алонисос, а ќе остане таму до септември, каде што изолиран од сите, работи на неговата нова книга, која би требало да биде готова до крајот на годинава.

Информативниот портал „Њузбист“ коментира дека во СИРИЗА постои страв дека книгата може да открие каква улога одиграле одредени личности, но и дека може да изнесе на виделина настани што можеби „би ја ставиле во опасност националната безбедност“ и додава дека останува енигма дали ќе биде објавен и дописот со оставката на Коѕијас до тогашниот премиер Алексис Ципрас.

Според порталот, веројатно е книгата прво да биде објавена на англиски, а потоа на грчки јазик.

Идејата за книга посветена на Договорот од Преспа, Коѕијас ја сподели и во интервјуто дадено за МИА на крајот од минатата година. Тогаш, поранешниот шеф на грчката дипломатија откри дека има план да напише осум книги што се однесуваат на надворешната политика.

– Еден том, барем така планирам, ќе биде посветен на ПЈРМ, односно на Северна Македонија. Од ПЈРМ до Северна Македонија. Бидејќи, ја знаете, првата автосаркастична шега што ја кажав по мојата оставка, ја слушнавте. Реков дека сакав да го сменам името на поранешната и станав јас поранешен, рече Коѕијас во предновогодишното интервју за МИА.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски