Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија

Од:

На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“.

Никос Коѕијас рече дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња.

– Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална. Во овие рамки го решивме прашањето што официјално постои веќе 25 години, а вистински, најмалку 70 години: да се запре спорот за името со Северна Македонија. Малку е дел од културата на регионот да се караме за имиња. Така и дедовците во едно семејство што немаат исто име, тогаш постои проблем. Секако постоеја и прашања со иредентизмот, кои со овој договор ги завршивме, рече Коѕијас по средбата со Лавров.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски