Коѕиас: Во земјите од Западен Балкан мора да функционира основен демократски процес

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ изјави дека кусо се разговарало за прашањето со мигрантите, но имало „длабока дискусија за кризата на Западен Балкан за која неговите колеги изразиле загриженост за случувањата, особено во Албанија и Македонија“.

– Подвлековме дека прашањето има врска со фактот дека многумина ја гледаат ЕУ како извор на финансирање, или како перспектива за учество во центар на моќ. Истакнавме дека мора да се сфати оти ЕУ е систем со вредности и демократска перспектива, и дека демократијата бара секој да има култура, како што ја нарекуваме, на компромис и консензус, изјави Коѕиас.

Тој додаде дека во земјите северно од Грција не смее да не функционира основен демократски процес.

– Јас, исто така, ги повикав сите кои се околу земјите што имаат криза во Западен Балкан да внимаваат и да молчат за домашните работи на овие земји, како што правиме ние: во текот на изминатите две години, јавно не сме изразиле ниту едно мислење за развојот на нивните домашни настани, изјави Коѕиас.

Тој прецизира дека загриженоста за земјите од Западен Балкан во ЕУ се манифестира на различни начини.

– Некои мислат ако им ги олесниме работите на овие земји, со поддршка или повлекување, на земјите повеќе ќе им се допаѓаме. Објаснив дека проблемот не е во тоа. Проблемот е во тоа што овие земји треба да сфатат дека мора да функционираат демократски, а тоа значи демократска перцепција во врска со опозицијата, во однос на малцинските ставови, па дури и националните малцинства, рече шефот на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ