Коцијанчиќ: Побрзо да се формира влада во Приштина и да продолжи дијалогот со Белград

Од:

Европската унија денеска повика на побрзо формирање влада во Приштина и продолжување на дијалогот со Белград.

– Ќе биде потребно уште некое време за финални резултати, но владата мора да се формира веднаш штом ќе заврши постапката. Пред Косово е важна работа. Новата влада мора да се заложи за напредок во реформите, економскиот и социјалниот развој, владеењето на правото и продолжувањето на дијалогот посредуван од ЕУ со Белград, рече портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ.

Таа оцени дека тоа ќе донесе напредок и кај луѓето кои живеат на Косово, но и во целиот регион.

– ЕУ ќе продолжи да работи со Косово и ќе промовира помирување, регионална соработка и добрососедски односи на Западен Балкан, рече Коцијанчиќ.

Вчерашните избори во Косово таа ги окарактеризира како „добар ден за косовската демократија“ и истакна дека излегле повеќе гласачи отколку на изборите во 2017 година.

Коцијанчиќ најави дека набљудувачката мисија на ЕУ утре ќе објави оценка за изборниот процес во Косово, по што ќе следи финален извештај со препораки, чие спроведување ќе биде набљудувано од страна на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов