Коалицијата на двајцата поранешни бугарски технички министри „Промената продолжува“ се регистрира за парламентарните избори на 14 ноември

Од:

Политичката формација на Кирил Петков и Асен Василев се регистрираше за учество на предвремените парламентарни избори на 14 ноември во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на објава на поранешниот бугарски привремен министер Кирил Петков, тој поднел барање до Централната изборна комисија за регистрација на коалицијата „Промената продолжува“ за учество на парламентарните избори за 47 -та национална Собрание во Бугарија. Потребниот број потписи за регистрација на коалицијата, според Петков, биле собрани од нејзините активисти за неколку часа.

Истовремено, стана јасно дека „Преродба“, која се смета за проруска партија во Бугарија, нејзиниот лидер Костадин Костадинов го кандидирала за претседател на Бугарија. Заменик-претседателот на „Преродба“, Цончо Ганев, изјави дека Бугарија има огромна потреба од претседател за да ги брани нејзините национални интереси. Тој ги наведе областите во кои, според нив, актуелниот претседател Румен Радев категорично не го брани бугарскиот интерес за воведување на еврото, пандемијата од Ковид-19, енергетската независност и американските бази во Бугарија.

„Преродба“ не го одобрува воведувањето на еврото во Бугарија. Според Ганев, следниот претседател на Бугарија мора да има јасен и прецизен став по ова прашање и да го брани.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија треба да се одржат на 14 ноември, а евентуалниот втор круг од претседателските избори би бил на 21 ноември.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина