Клинтон: Црна Гора е пример за напредок

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон оцени дека Црна Гора е пример за стабилност и позитивен напредок.

Таа во телефонски разговор со црногорскиот премиер Игор Лукшиќ рекла дека процесите за интеграција на Црна Гора придонеле за стабилност во регионот, соопштија од кабинетот на Лукшиќ.

Клинтон изразила жалење што не била во прилика во текот на нејзиниот престој во регионот, да ја посети и Црна Гора и лично да ги пренесе американските оценки за достигнувањата на земјата.

Лукшиќ се заблагодарил на постојаната поддршка на САД и истакнал дека зајакнувањето на институциите, владеење на правото и економска стабилизација се приоритетите на Црна Гора во наредниот период.

Американската државна секретарка му честитала на Лукшиќ и за успешно спроведените парламентарни избори на 14-ти октомври.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора