Ќе се апсат оние кои поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“ во Грција

Од:

Членовите на т.н. „Движење против маска“ во Грција, без разлика дали се активни преку протести или на интернет, веднаш ќе се апсат, поради делото „поттикнување непослушност“, а според Кривичниот законик им се заканува казна затвор од една година или парична казна, согласно циркуларното писмо испратено од обвинителот од Врховниот суд на Грција до Обвинителствата во целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Дописот за почитување на законите, заштита на граѓаните и мерките за Ковид-19, потпишан од обвинителот Василис Плиотас, е поради „ индивидуалните неодамнешни случаи, кои сепак продолжуваат да се појавуваат од лица кои не се согласуваат со мерките преземени од државата за справување со опасноста од ширење на коронавирусот („движење против маска“) и предизвикуваат логична загриженост кај луѓето што ги почитуваат мерките и кај грчкото општество“.

Обвинителот додава дека кога се исполнети законските услови, односно кога оние кои се спротивставуваат на законските мерки и даваат свои теории за употребата на маската, тогаш постои обврската да се покрене кривично дело.

Во изминатиот период, особено на почетокот на месецов во пресрет на почетокот на новата учебна година се појавија групи и движења на социјалните мрежи. кои одржаа и протести во повеќе делови на Грција против задолжителната употреба на маска за учениците.

Би можело да ве интересира

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини „Ники“ и „Евзони“ со Македонија