Ќе инвестираме 6,5 милиони евра во терминалот за гас во Грција, најави Заев

Од:

Првата директна инвестиција на Македонија во Грција ќе биде во гасниот терминал „Александрополис“ од околу шест и пол милиони евра односно државата ќе има 10% учество во капиталот, најави премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на пратенички прашања, зборувајќи за инвестирањето во стабилното снабдување на земјава со гас.

„Ја најавувам првата директна инвестиција, а тоа е нашето учество во Александрополис гасоводот. Доживеавме нашата земја да инвестира во Грција, во гасниот терминал во Александрополис, инвестиција меѓу 6 и пол и 7 и пол милиони евра и ќе имаме 10 проценти учество, Грција има веќе 20 проценти учество, Бугарија има 20 проценти учество, една американска и една грчка компанија се останатите партнери и да учествуваме со 25 проценти во Гасната централа на природен гас во Александрополис“, објасни Заев.

Тој информираше дека постои можност да се инвестира и во други гасни централи во земјава што според него ќе се придонесе за зачувување на животната средина, а ќе се обезбеди поевтина енергија.

„Она што го очекуваме е изградба на гасни централи за производство на електрична енергија, согласно програмата за зелена енергија. Планираме да го затвориме прстенот на мрежата во западна Македонија, потоа кон Свети Николе, Велес и сите гасоводи согласно националниот гасовод. Нашиот гасовод е вреден од пола милијарда евра, следната година имаме сто нови милиони евра инвестиција. Ова ќе ни даде можност тука да го донесеме гасот од Азербејџан, Турција, Кипар. Се очекува до крајот на јануари да биде готова студијата на ТЕЦ Неготино и ќе објавиме повик за јавно-приватно партнерство, со цел таа да биде повторно електрична централа“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција