Китаровиќ му порача на Пленковиќ: Владата што побрзо да се реконструира

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска му порача на премиерот Андреј Пленковиќ оти очекува реконструкција на Владата што е можно побрзо, затоа што, како што наведе, Хрватска нема време и не може да дозволи Владата да не функционира.

– Очекувам реконструкцијата да се случи што е можно побргу, дека премиерот што побргу ќе испрати предлози до Саборот, затоа што Хрватска нема време за губење, изјави Грабар-Китаровиќ за време на посетата на островот Крк.

Таа додаде дека нејзина должност е да ја штити стабилноста на институциите.

– Сакам Хрватска да се профилира како држава, а не да се срамиме, рече таа и додаде дека реконструкцијата веќе почнала со оставката на еден министер.

На прашањето дали стравува дека ваквите изјави би можеле да го загрозат нејзиниот рејтинг пред претседателките избори, Грабар-Китаровиќ истакна дека таа е претседателка и води сметка за државата, состојбата во државата и стандардот на граѓаните, а не за сопствениот рејтинг“.

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ во понеделникот поднесе неотповиклива оставка и рече дека ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.

– Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрација…не сум во состојба да прифатам невидени удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство, рече Мариќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски