По остварување на главните национални цели, членство во НАТО и ЕУ, Хрватска треба да постави нови цели на својата надворешна политика, изјави во Загреб претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.
Китаровиќ истакна дека Хрватска го поддржува пристапувањето на сите држави од Југоисточна Европа во ЕУ.
– Одлучна сум во намерата заедно со нашите соседи сериозно придонесеме за решавање на сите отворени прашања, со што ќе ја градиме иднината на цврсти и здрави европски темели, изјави Грабар Китаровиќ.