Кирил Петков за Политико: Срцето ми вели дека не можеме да ја напуштиме Украина

Од:

Европското списание Политико денеска објави интервју со бугарскиот премиер Кирил Петков. Петков е економист кој студирал на Харвард и ново лице во политиката. Тој стана познат во Бугарија минатата година по борбата против корупцијата, пред да ја формира својата партија „Продолжувме со промената“ и да стане премиер, Русија ги засилуваше заканите против Киев и распоредуваше војници долж границите на Украина, објави Политико.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, Бугарија историски имала едни од најблиските врски со Москва, посочува Политико.

– Тие денови завршија, изјави Петков за Политико, повеќе од една недела од почетокот на руската инвазија врз Украина.

– Бугарија повеќе не е слаба земја, што дејствува само како балансер, рече тој, додавајќи: „Сакаме сите да ја гледаат Бугарија како силна членка на НАТО, членка на ЕУ, која не се стреми да ги минимизира ризиците, не е непредвидливо, имаме единствен став“.

Бугарскиот премиер ја отфрла идејата за сфери на влијание во кои поголемите земји како Русија добиваат право да наметнуваат де факто тампон зони надвор од нивните граници.

– Навистина не ми се допаѓа идејата некој да земе карта на Европа и да црта со пенкало, за да каже дека тоа може да се случи, изјави Петков.

Бугарскиот премиер изјави дека денес симболично ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство на Украина во ЕУ.

– Срцето ми вели дека не можеме да ја напуштиме Украина, рече тој.

Но,иако Бугарија досега целосно ги поддржуваше сите санкции против Русија, Петков покажува дека мора да се земе предвид политичкото расположение во неговата татковина.

Тој призна дека ќе и биде тешко на Софија да им се придружи на сојузниците кои испраќаат оружје во Украина.

Петков исто така не ја поддржува идејата за воспоставување зона на забранети летови над Украина. Покрај тоа, тој не може да преземе обврска да наметне санкции за руската нафта поради енергетската зависност на Бугарија од Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?