Киракиду: Се наоѓаме во кревка фаза од пандемијата

Од:

Се наоѓаме, би рекла во една кревка фаза од пандемијата, каде што имаме многу причини да бидеме оптимисти со вакцините што ги имаме, но сигурно не може да постои опуштеност, порача ЕУ комесарката за здравство и безбедност на храна Стела Киракиду на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека Европската Унија веќе има потпишано договор со една компанија за за вакцини за 2022-2023 година, а синоќа бил финализиран договорот со уште една компанија за истиот период.

-Во сите земји-членки, она што го гледаме денес е, би рекла, тренд на опаѓање на бројот на нови случаи на коронавирусот, за среќа и на хоспитализираните, но во исто време многу внимателно го следиме случајот со мутациите, особено мутацијата Делта, која, како што знаете, во овој момент го зафати Обединетото Кралство, истакна Киракиду.

Грчкиот премиер на средбата објасни дека Грција надмина 7,5 милиони аплицирани дози, но и потенцираше дека од следниот месец „проблемот нема толку да биде достапноста на вакцините, колку намерата на граѓаните да се вакцинираат“.

ЕУ комесарката за здравство и безбедност на храна Стела Киракиду, пред средбата со Мицотакис, се сретна со министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и заедно посетија еден од мега центрите за вакцинација во Атина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски