КИПРЕД: Косово мора да ги нормализира односите со Србија

Од:

Косово влегува во период кога престанува надгледуваната независност во услови кога е поделено одвнатре, а во меѓународни рамки е полулегитимна држава.

Поради тоа мора да бара нормализација на односите со Србија, оценува приштинскиот Институт за истражување и развојни политики (КИПРЕД).

Авторите на извештајот Иљир Деда и Шпенд Курсани прогнозираат дека прославата и еуфоријата за престанокот на надгледуваната независнот ќе ги засенат реалните проблеми на Косово.

Според нив, тоа се прашањето на северот и фактот дека пет држави на Европската Унија одбиваат да ја признаат независноста на Косово со што е блокиран патот од европската агенда.

„Поради неможноста да ги убеди своите членки да го признаат Косово, ЕУ не може
целосно да го искористи своето влијание на Приштина. Така Косово е ставено во позиција да бара нормализација на односите со Србија со надеж дека тие нови односи ќе доведат до промена на ставот на петте членки за статусот на Косово.

Резултатот од приближувањето на Белград и Приштина би можел да доведе до нови признавања на Косово, а тоа евентуално и до членство во ОН и другите релевантни меѓународни институции“, се вели во извештајот на КИПРЕД.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он