Кипар објави листа со земји за кои е дозволено патување на островот

Од:

Врз основа на епидемиолошката слика во секоја земја, Министерството за здравство на Кипар објави ажурирана листа со 36 држави,поделени во две категории, за кои е дозволен влез.

Врз основа на епидемиолошките податоци, репродукцискиот број Р, бројот на нови случаи, стапката на смртност на 100.000 жители, како и од рангирањето од СЗО, 22 земји се во првата, а 14 земји во втората категорија.

Во првата категорија земји со ниска опасност се Австралија, Австрија, Хрватска Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Швајцарија, Јапонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Словачка, Словенија и Јужна Кореа и за нив не се предвидени никакви рестрикции и не е потребен тест за Ковид-19.

Во втората група земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж опасност во споредба со првата“, се Бугарија, Белгија, Франција, Ирска, Израел, Италија, Либан, Јордан, Холандија, Шпанија, Полска, Романија, Србија, Обединети Арапски Емирати и задолжителна е потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето.

Министерството за здравство на Кипар претходната листа ја објави пред 10 дена, а од тогаш промените се во однос на Бугарија и Србија.

Бугарските државјани се префрлени во втората категорија, во која сега, вклучени се и српските туристи, кои на претходната листа не фигурираа.

Странските туристи, пред да го посетат Кипар, задолжително е да достават барање за „Cyprus Flight Pass“ (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето.

Паралелно, ќе се врши и тестирање по случаен избор на аеродромите за посетители, кои пристигнуваат со одредени летови.

Би можело да ве интересира

Кипар прави ревизија на „златните пасоши“, утврдени илјадници неправилности

Ана Ололовска

Анкара: Америка ја игнорира турската страна на Кипар, подобро е Вашингтон да остане неутрален

А1он

Кипар: 5.000 млади ќе се тестираат за Ковид-19 во барови, ресторани и молови

Ана Ололовска

Учебната година на Кипар ќе започне една седмица подоцна поради високите температури

Ана Ололовска

Кипар продава пасоши на „политички изложени лица“

Ана Ололовска

Воздушна и поморска вежба на Кипар, Грција, Франција и Италија во Источниот Медитеран

Ана Ололовска