Кипар објави ажурирана листа со земји и направи четири промени

Од:

Министерството за здравство на Кипар објави нова, ажурирана листа со 49 земји за кои е дозволен влез од 1 август, а направени се четири промени: Бугарија и Алжир, од втората сега во третата категорија, за Грузија повеќе не постојат никакви ограничувања за патување, а посетителите на Велика Британија сега веќе може да патуваат на Кипар, но само со потврда за негативен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно новата листа, земјите повторно се поделени во три категории: прва категорија – земји со ниска опасност, втора категорија- земји со поголема опасност од првата и трета категорија – земји со зголемена опасност во споредба со првите две.

Во првата категорија со 23 земји, вклучени се 14 држави од Европската унија (Австрија, Германија, Данска, Естонија, Финска, Грција, Ирска, Латвија, Литванија, Малта, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија), четири од Шенген зоната (Швајцарија, Исланд Лихтенштајн и Норвешка) и пет трети земји (Грузија, Јапонија, Јужна Кореа, Нов Зеланд и Канада) и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

Во втората категорија, во која повеќе не се вклучени Бугарија и Алжир, а е додадена Велика Британија, се земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж во споредба со првата“ и задолжителна е потврда за негативен молекуларен PCR тест направен 72 часа пред патувањето.

На листата се 19 земји: Велика Британија, Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Холандија Чешка, Андора, Монако, Ватикан, Сан Марино, Австралија, Мароко, Руанда, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, се Бугарија, Португалија, Шведска, Луксембург, Романија, Алжир, Србија и Црна Гора, а дозволен е влез само за одредени категории државјани со задолжителен негативен тест и 14 дневна самоизолација.

Последен пат листата беше ажурирана минатата седмица и стапи во сила на 23 јули.

Туристите, како што е веќе пракса откако беа отворени аеродромите, пред да го посетат Кипар, задолжително е да достават барање за CyprusFlightPass (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска