Кипар ќе добие од Грција владин авион

Од:

Република Кипар ќе го добие првиот официјален владин авион, што ќе биде донација од Грција, беше соопштено на денешната средба во Никозија на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис рече дека со оглед на тоа дека планираат модернизација на нивната флота на авиони, ќе го направат конкретниот гест кон Кипар, „за претседателот на Република Кипар или кој било друг владин функционер да може да се појавува и да се претставува со авион кој ќе ги носи боите и знамето на Република Кипар“.

Анастасиадис му се заблагодари на Мицотакис за донацијата „што се однесува на нешто што ѝ недостасуваше на Република Кипар и придонесува за патувањето на претседателот и министрите“.

Според грчките и кипарските медиуми Никозија од Атина ќе добие авион од типот „Ембраер-135ЛР“ (Embraer-135LR), има капацитет да пренесе 32 лица и четворица членови на екипажот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски