Киличдароглу: Ердоган намерно пушти милиони бегалци во Турција

Од:

Главниот опозициски ривал на турскиот претседател Таип Ердоган на претседателските избори денеска го заостри тонот во однос на мигрантите, велејќи дека кога ќе биде избран во вториот круг од изборите на 28 мај, ќе ги врати во нивните земји.

Кемал Киличдароглу, кандидатот на шестпартискиот опозициски сојуз, на изборите во неделата освои 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 49,5 отсто од гласовите, повеќе од очекуваното, но за малку не успеа да го освои мнозинството и да го избегне вториот круг.

На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со освоени 5,2 отсто од гласовите, кој е поддржан од антиимигрантската партија, а може да се покаже како предност во претседателскиот „плејоф“.

Говорејќи пред сопартијците во седиштето на Републиканската народна партија (ЦХП), Киличдароглу ја критикуваше мигрантската политика на Ердоган.

„Ердоган, намерно дозволивте десет милиони бегалци да влезат во Турција. Продадовте турско државјанство за да обезбедите гласови“, рече Киличдароглу.

Според официјалните податоци, четири милиони бегалци живеат во Турција, која е најголемата бегалска популација во светот во која било земја. „Овде објавувам: кога ќе бидам избран за претседател, ќе ги вратам бегалците во нивните земји“, рече Киличдароглу.

Тој за време на изборната кампања најави дека планира да ги испрати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето договор со сирискиот претседател Башар ал Асад за нивната безбедност, во координација со Обединетите нации (ОН).

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски