Кикиљас: Нема причина за паника во Грција

Од:

Целосно сме подготвени, нема причина за паника, порача грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас на неговиот официјален „Твитер“ профил по потврдениот прв случај на коронавирусот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

-Првиот случај на новиот коронавирус во нашата земја е потврден. Тоа беше нешто што го очекувавме. Целосно сме подготвени. Не постои причина за паника, напиша Кикиљас.

Паралелно во Министерството за здравство е во тек состанокот свикан од министерот, а по завршувањето, во попладневните часови, тој ќе замине за Солун, каде што е хоспитализирана 38-годишната жена со коронавирусот.

Министерот за здравство ќе одржи состанок во Солун на кој ќе учествуваат префектот, градоначалникот, управителите на здравствените периферии од северна Грција, како и претседателот на грчката медицинска асоцијација.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски