Кикиљас: Нема да има втор карантин, имаме план Б

Од:

Не можеме да одиме на втор карантин, имаме план Б, како што се локални карантини, тестови за повеќе туристи или задолжителни тестови, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сите земји, и оние кои беа во многу полоша ситуација од нас, кои не внимаваа или донесоа погрешни мерки, сега одат на постепено укинивање на мерките. Ние имаме втор план, план Б за локални карантини, за дополнителни корекции, за PCR тестови евентуално за повеќе туристи или да бидат задолжителни. Тоа се работи кои секојдневно ги разгледуваме со експертската комисија, која ѝ дава препораки на Владата. Треба да научиме да живееме со вирусот, вели Кикиљас.

Истакна дека од сите зависи дали ќе има едноставно зголемување на случаите, кое што може да се контролира или втор бран и додаде дека „е прашање на одговорност на органите на државата, но и на индивидуалната одговорност и на туристите и на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски