КФОР се огласи за барањето да се испрати српска војска на Косово

Од:

Кфор се огласи за барањето на Владата на Србија за враќање на до 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово согласно Резолуцијата 1244.

КФОР објави дека „тековно го анализираат“ тоа барање од Владата на Србија, а исто така се наведува дека ќе продолжат „да обезбедуваат безбедна средина и слобода на движење што поттикнува продуктивен дијалог, давајќи им можност на лидерите да создадат долгорочни одржливи решенија за доброто на сите заедници кои живеат во Косово“.

„Мисијата КФОР предводена од НАТО се состои од повеќе од 3.700 персонал од 27 земји – вклучувајќи ги и НАТО сојузниците и партнерите посветени на обезбедување безбедна средина и слобода на движење за сите заедници на Косово, во согласност со мандатот заснован на Советот за безбедност на ОН. Улогата на КФОР продолжува да биде фундаментална за трајната безбедност на цело Косово и стабилноста во регионот на Западен Балкан“, се вели во соопштението.

Како што беше истакнато, КФОР неодамна „од превентивни безбедносни причини го зголеми присуството на војници во Јариње“.

„Се покажа како исклучително успешна активност, најмногу благодарение на продуктивната и благодарна соработка на Владата на Црна Гора, началникот на српскиот Генералштаб, институциите во Косово, мисијата за владеење на правото предводена од ЕУ ЕУЛЕКС и КФОР. Зголемувањето на присуството на војници беше неопходно, имајќи ги предвид неодамнешните извештаи за наводно можно присуство на организирани криминални групи во рамките на демонстрациите“, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на КФОР.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски