КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница

Од:

Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР, го зголеми присуството и патролирањето во северно Косово, на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак, со цел да ја зајакне свеста за ситуацијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

dobivaj vesti na viber

Во писмениот одговор на канцеларијата за односи со јавност на КФОР, упатен до порталот на српски јазик „Косово онлајн“, се наведува дека мерките се преземени со цел да му се овозможи на КФОР брзо да реагира на сите безбедносни предизвици.

– Сакаме секого да увериме дека КФОР е подготвен да интервенира ако биде потребно, се вели во одговорот на прашањето на порталот упатено по повод забележителното зголемување на присуството на КФОР на граница и доаѓањето на два џипа на Косовските безбедносни сили на преминот Јариње.

КФОР исто така напоменува дека неговиот мандат, кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, е да обезбеди сигурно и безбедно окружување и слобода на движењето за сите луѓе во Косово.

– За да ги изврши своите задачи, КФОР одржува видлив и подвижен став на теренот, наведува прес-службата на мисијата.

Раздвиженоста на КФОР на косовско-српската граница се случува во пресрет на 1 септември, кога треба да почне да се спроведуваат одлуките на косовските власти за промена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи при влез на граѓаните од едната во другата држава.

Одлуките требаше да почнат да се спроведуваат на 1 август, меѓутоа Владата на Албин Курти, на барање и на западните дипломати, пред сé на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, ги одложи за еден месец, откако на 31 јули од страна на косовските Срби беа организирани протести и блокади на патиштата во близина на границата со Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Убиецот на бремената сопруга одби да се предаде и се самоуби во присуство на полицијата

А1он

Лајчак: Почетокот на пролетта 2023 можен краен рок за постигнување договор меѓу Косово и Србија

Ана Ололовска

Ескобар: ЗСО ќе биде формирана, тоа е обврска за Србија, Косово и ЕУ

Ана Ололовска

Сопруг ја убил бремената сопруга пред породилиште во Приштина, истрагата е во тек

А1он

Амбасадорите на ЕУ одобрија укинување на визи за Косово

А1он

Османи: Косово се координира со НАТО за целата своја територија

Ана Ололовска