Кавга меѓу браќа кој да стопанисува со плажа причина за пукотниците кај Валона

Од:

Кавга меѓу двајца браќа кој да стопанисува со плажа земена на користење е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона во 12:30 часот.

Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот уапсен е Едисон Конди (34) жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45).

Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија, и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но според последната информација што ја пренесуваат медиумите не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа.

Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу нив и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно.
– Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника, велат тие.

Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, возила за итна помош а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување.
Сеуште во тек е увидот, по што ќе има официјално соопштение.