Катругалос: Владата води неактивна надворешна политика и пасивно ги следеше настаните на Советот за општи работи

Од:

Владата, прифаќајќи дека кандидатурите на Северна Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос.

Во изјавата за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, Катругалос упатува критики до актуелната грчка влада за неактивност и пасивност во надворешната политика особено по Советот за општи работи одржан завчера, jави дописничката на МИА од Атина.

-Политиката на неактивност на владата за критични прашања од надворешната политика, за жал продолжи и на Советот за општи работи на 15.10.2019 година, кој не стигна до одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Пасивно следејќи ги настаните, владата не го искористи вредниот дипломатски капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за динамично да бара признавање на нејзината водечка улога во регионот. Паралелно, прифаќајќи дека кандидатурите на Северна Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја, вели Катругалос во пишаната изјава.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски