„Катимерини“: Ќе се формира меѓународна комисија на експерти за трговските ознаки

Од:

Формирање меѓународна комисија на експерти е предвидено со Договорот од Преспа и како таква ќе се промовира, пишува денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на надлежни извори, во однос на отворената дискусија откако Грција го промовираше слоганот и логото за производите од северниот дел на земјата под етикетата „Macedonia the Great“, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори посочија дека премиерот Киријакос Мицотакис јавно најави формирање на меѓународна комисија за оваа цел. Во секој случај, прашањето за трговските имиња е особено сложени прашање и ќе биде потребно време, но и активно вклучување компаниите, пишува „Катимерини“.

Весникот објаснува дека дискусијата почнала во неделата кога, „Министерството за надворешни работи на Северна Македонија издаде соопштение во кое ја обвини грчката влада за еднострани активности“ за кампањата „Macedonia the Great“.

Паралелно, „Катимерини“ пренесува и дел од ставот на нашето МНР за Радио Слободна Европа, но и дел од вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Лажни негативни резултати од тестови за Ковид-19 се продаваат за 40 евра на грчко-бугарската граница

А1он

Сириза: Грчката влада се опушта, а бројот на новозаразени расте

А1он

Во отпадните води во Солун откриено присуство на геноми на коронавирусот

Ана Ололовска

Сакеларопулу со поддршка до Вартоломеј за Света Софија

Ана Ололовска

Комисијата на епидемиолози предлага откажување на панаѓурите во Грција и зголемена контрола на копнените граници

Ана Ололовска

Пецас: Грција бара од ЕУ листа со санкции за Турција во случај да ги прекрши нашите суверени права

Ана Ололовска