Карл Билд: Србија кога-тогаш ќе мора да го признае Косово

Од:

Шведскиот дипломат и експерт за Балканот, Карл Билд, вели дека Белград „кога-тогаш“ ќе мора да ја признае независноста на Косово и дека српскиот претседател Александар Вучиќ знае дека тоа е клучот на европскиот пат на Србија.

– Вучиќ имаше сили да го стори тоа во еден момент, но тој ја пропушти таа можност, тврди Билд во интервју за сараевскиот портал „Политички“.

Поранешниот шеф на шведската дипломатија додаде дека е потребно да се спроведе она што е договорено одамна, и, како што вели, никогаш не било реализирано.

Тој додава дека многу од тоа е повторено во документите создадени по состанокот во САД.

На прашањето кој е реалниот исход и дали Белград и Приштина сакаат договор, Билд рече дека верува дека идејата за размена на територии била, како што наведува, „опасна диверзија која чинеше години и години и напредок во преговорите“.

Но, сега, додаде тој, особено оваа патека кон ЕУ мора да добие на интензитет и да започне да се движи напред, пренесува Танјуг.

На констатацијата дека дијалогот за српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е платформа за барање независност на Република Српска, Билд вели: Косово е независна држава. Нема враќање на тоа прашање. Додик знае дека нема ништо од независноста на РС. Во секоја можна форма. Па, и Србија не би ја признала, тврди Билд.

Билд, кој денес е копретседател на Европскиот совет за надворешни односи, влијателна невладина организација која се занимава со рефлексии во надворешната политика, вели дека се чини дека ЕУ и САД конечно започнаа да работат заедно, но дека европската перспектива на регионот на Западен Балкан никогаш не била подалеку.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати