Каракачанов: Ние сме „за“ членството на Македонија во ЕУ, но договорот за добрососедство не се испочитува

Од:

„Бугарија продолжува да ја поддржува идејата за интеграција на Западен Балкан во европските структури, но тоа не може да се случи безусловно дури и во случај на неисполнување на договорите што постојат билатерално меѓу Бугарија и соодветните балкански држави“, изјави вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Каракачанов од бугарскиот парламент ги информираше пратениците за односите на Бугарија со Македонија, рамката за преговори и можниот почеток на преговорите на нашата држава за членство во Европската унија.

Вицепремиерот даде уверување дека неговата држава се придржува на своите позиции кон потпишаниот договор за пријателство и добрососедство и рамковната позиција, потврдена со декларацијата од бугарскиот парламент.

„Прво, никој не изврши притисок врз бугарската влада. Во моментов, германското претседателство само ја искажа позицијата да биде медијатор, доколку е потребно, за разговори меѓу двете земји. Немаше притисок врз бугарската влада. Второ, во разговорите со претставниците на Северна Македонија, Бугарија го потврди својот јасен став дека сме „за“ членството на Македонија во ЕУ, но веруваме дека договорот од 1 август 2017 година не се спроведува согласно неговите одредби“, рече тој.

„Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем заснован на лажни факти, Каракачанов е категоричен, нема начин Бугарија да се согласи да ја закаже првата меѓувладина конференција за започнување преговори за пристапување на С. Македонија кон ЕУ“, додаде бугарскиот вицепремиер.

Каракачанов даде и краток преглед на случувањата околу последните разговори со македонската делегација во вторникот.

„Тие траеја долго време, од утрото до доцна попладнето. Следниот ден во средата имаше онлајн конференција, на која присуствувавме јас и Екатерина Захариева како вицепремиери, ополномоштени да ги водиме тие разговори. Од нивна страна имаше претставници на исто ниво. Не дојдовме до ново решение и тоа поради тоа што колегите од Скопје не сакаа да ги прифатат ставките кои се јасно изнесени во бугарската рамковна позиција“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Каракачанов: Макрон го турка светот во војна

Горан Наумовски

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов