Караџиќ бара награда за мир

Од:

Обвинетиот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ побара награда за мир

„Не треба да бидам обвинуван, треба да бидам награден за моите напори за поддршка на мирот“, изјави Караџиќ на првиот ден од неговата одбрана пред Хашкиот трибунал.

Караџиќ, кој одлучи сам да  се застапува пред Хашкиот трибунал, обвинет е за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995), вклучително и за масакрот на приближно 8.000 луѓе во Сребреница во јули 1995 година.

Тој тврди дека направил се што било во човековите можности за да се избегне војната.
Посочи деја ја запрел армијата неколку пати, кога била блиску до победа. Прогласил многу еднострани примирја и политика на воздржување од воени дејствија.

Процесот против Караџиќ почна во октомври 2009 година. Караџиќ беше уасен во јули 2008 година во Белград, по 13-годишно успешно  криење.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска