Каменос: По Грција еврозоната би ја напуштиле и Шпанија и Италија

Од:

Доколку Грција ја напушти еврозоната, ќе предизвика домино ефект, што ќе ги повлече и Шпанија и Италија, па можеби дури и Германија, да го следат нејзиниот пример, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

– Ако експлодира Грција, следни ќе бидат Шпанија и Италија, а потоа во еден момент и Германија. Затоа треба да најдеме некакво решение во рамките на евроозната, кое нема да се сведе на тоа, за се да платат Грците. Луѓето не добија ништо од програмите за помош, затоа што се отиде во банките, изјави Каменос во интервју за германскиот весник „Билд“.

Според Каменос, на Грција не и треба трет план за спас, туку „поттик како оној што го доби Германија во 1953 година на конференцијата за долгот во Лондон“.

На оваа конференција на Германија и беше простена главницата од нејзиниот долг.

Во интервјуто Камнеос се осврнува и на грчкото барање за исплата на воени репарации од страна на Германија за нацистичките воени злосторства во текот на Втората светска војна.

– Тоа не е мерка против Германија, туку историски долг. Златото што нацистите го однесоа од Атина во Берлин вредеше многу пари. Очекуваме отштета за златото, како и за кредитот даден под присила и за уривањето на археолошките споменици, потенцира Каменос, кој е лидер на помалиот партнер во грчката владина коалиција, десничарската партија Независни Грци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит