Каменос ќе се откаже од политика ако неговата партија не влезе во парламентот

Од:

Лидерот на Независни Грци Панос Каменос изјави дека нема да продолжи со својата кариера во политиката ако неговата партија не го надмине прагот од три проценти кои се потребни за влез во Парламентот на изборите во недела.

– Ако мажите и жените во Грција не ме сакаат во Парламентот, нема да влезам во парламентот. Јас ќе се повлечам од политиката ако Независни Грци не влезат во парламентот, изјави денеска Каменос за телевизијата Антена.

Каменос, чија партија беше помалиот партнер во претходната коалициска влада со Сириза, истакна дека истражувањата на јавното мислење кои покажуваат дека партијата има поддршка помала од три отсто, „веројатно се обиди да се влијае врз јавното мислење“.

Тој повторно ја отфрли можноста за соработка со Сириза, ако партијата на Ципрас се здружи со социјалистичката ПАСОК, велејќи дека „нема да седи во иста влада со Евангелос Венизелос“.

Лидерот на националистичката партија додаде дека ќе биде отворен за соработка со десницата Потами „ако тие ја појаснат својата позиција за националните прашања“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит