Калиниќ: Набавив вакцини од Фајзер, Хрватска не сака да ги прифати

Од:

Началникот на Канцеларијата за управување во итни ситуации на Градот Загреб, Павле Калиниќ тврди дека преку контакти набавил половина милион дози вакцини против Ковид-19 од компанијата „Фајзер“, но оти во Хрватска никој не е заинтересиран да ги преземе истите.

Тој истакна дека за набавката бил замолен од покојниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ.

– Одредено количество е набавено. Но, во Хрватска никој не покажува интрес. Градот Загреб не може да ги увезе, туку само државата, истакна Калиниќ.

Тој додаде дека веќе трет ден никој не му се јавува во хрватското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски