Калафатис за копнениот туризам: Ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи

Од:

Ќе ја пренесам желбата на сите, да се даде приоритет на отворањето на граничниот премин Евзони, како и да се разгледа можноста за влез и со селф тест, рече, меѓу другото заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за регионот Македонија и Тракија Ставрос Калафатис на состанокот за отворањето на копнениот туризам со префектите и здруженијата на хотелиери од северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Калафатис истакна дека „ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи“, а Владата континуирано работи на изнаоѓање решение за контролата на документите на странските државјани што ќе влезат на грчка територија.

-Целта на Владата е, со отворањето на туризмот, контролите на граничните премини на земјата да бидат континуирани, доследни и темелни. Равенката има многу непознати „икс“, а Владата се обидува да го најде најсоодветното решение. Ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи. Нашата цел е безбедно да се вратат во нивните земји, истакна Калафатис, за време на видеоконференциската средба.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски