Како во Чернобил: На Косово со заштитна опрема се бројат гласовите од Србија

Од:

Косовската Централна изборна комисија почна со верификација на гласачките листови пристигнати од Србија.

Сите вклучени во процесот, имаат на себе бели заштитни комбинезони, но нема пријави за алергија како пред десетина дена.

Просторијата во која се 3700 гласови од централна Србија отворена беше во 9:30, а внатре се претставници на ЦИК и форензичари.

Пред десет дена, броењето на гласовите беше прекинато поради пријава дека на некои од верификаторите им се појавиле симптоми на алергија и чешање.

Вкупно дванаесет членови на комицијата побараа помош во Клиничкиот центар во Приштина поради сомневање дека се затруени.

Анализата покажа дека нема труење и сите беа пуштени дома.

Примероци од ковертите со гласовите пристигнати од централна Србија се испратени на анализа во странство, но нема информации дали се тие завршени.

Би можело да ве интересира

Германецот Петер Баер избран за известувач на ПССЕ за Косово

Косово: Отфрлена жалбата на Самоопределување, гласовите од Србија неважечки, Нисма влегува во Собрание

Обрадовиќ: Опозицијата е подготвена за разговор со делегацијата на ЕП само за поместување на изборниот термин

Оливер Вархелји сака решение за Белград и Приштина во текот на 2020-та

Ана Ололовска

Дачиќ: Антисрпска хистерија во Хрватска поради можното доаѓање на Вучиќ

Ана Ололовска

Србија заработила милијарда евра од извоз на софтвер и услуги

Ана Ололовска