Кадаре: Масовното мигрирање на еден вид уништена нација

Од:

Албанскиот писател Исмаил Кадаре, кој живее во Франција, смета дека масовното заминување на Албанците од Косово претставува некој вид раселување, односно геноцид и уништување на една нација.

– Ова што се случува не е бегство, туку е еден вид раселување. Раселувањето е една од најтешките форми на геноцид, тоа е метод за уништување на една нација. Дознав и сум вџашен дека меѓу оние кои бегаат има и шест илјади албански деца од основните училишта, изјави Кадаре во интервју за „Гласот на Америка“.

Тој наведе дека масовното иселување не може да се образложи само со лошата економска ситуација.

– Ова е некој вид на психоза, едно морално попуштање, кое е мошне тажно, изјави Кадаре.

Тој остро ги критикуваше властите на Косово, додавајќи дека не можат да кренат раце и во ваква ситуација „никој од нив да не преземе ништо“.

Кадаре е најпознат албански писател и најголем критичар на власта во Албанија, кој живее во Франција.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска