Кацин: Односот Србија-ЕУ непроменет

Од:

Јелко Кацин, специјалниот известувач на Европскиот парламент за Србија, се огласи со реакција по изборот на Томислав Николиќ за избор на претседател на Србија. Овој избор, смета Николиќ, нема значително да го промени односот на Србија кон ЕУ, ниту пак односот на Европската унија кон Србија.

„Не гледам голема потреба, ниту можност во тој однос нешто да се промени. Николиќ во првите изјави јасно стави до знаење дека ќе продолжи со приближување на ЕУ и сметам дека во тој поглед треба да му се верува“, изјави Кацин за ТВ Словенија.

За специјалниот известувач значајно е да започне дијалог меѓу Србите во северниот дел на Косово и неговиот јужен дел, што ќе претставува клучна одлука на Николиќ.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов