Кацин: Ќе мораме да ја отстраниме Хрватска од листата на безбедни земји ако бројот на заразени таму расте

Од:

Владата на Словенија ќе биде принудена да ја отстрани Хрватска од списокот на држави кои се безбедни во однос на коронавирусот, доколку бројот на заразени надминува 10 на 100 илјади жители, изјави денес портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин.

Тој рече дека одлуката може да се донесе утре и дека тоа се очекува, со оглед на движењето на кривата на епидемијата на коронавирусот која беше проследена последните две недели.

Доколку тоа се случи, Хрватска ќе биде префрлена на ткн. „жолта листа“, што значи дека ќе биде на сила мерката „предупредување за опасност“ кон сите Словенци кои веќе се нашле во Хрватска, како и за оние што планираат да одат во земјата и оние што се враќаат, кои ќе мораат да ги почитуваат мерките за социјално растојание додека се во земјата и да се јават на лекар доколку забележат какви било симптоми на вирусот при нивното враќање во Словенија.

Кацин посочи дека Хрватска, која во последно време бележи зголемување на бројот на заразени лица, ја укина забраната за ноќни клубови, а Словенија не го стори тоа дури и по официјалното соопштение дека епидемијата завршила.

Тој посочи и дека многу словенечки државјани купиле билети за забави на хрватскиот остров Паг, но и дека владата внимателно ја следи ситуацијата.

„Постојат многу причини да се преземе акција“, рече Кацин, додавајќи дека премиерите Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ веќе разговарале за проблемот.

Кацин исто така забележа дека бројот на ново заразени лица во регионот драстично расте, пред се во БиХ, како и дека бројот на заразени лица расте во Албанија, Грција, како и во други блиски земји.

Инаку, според денешните информации на Националниот институт за јавно здравје, во Словенија се потврдени четири нови случаи на коронавирусот од направени 300 тестирања.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 150 држави се пријавија во глобална иницијатива за вакцини против коронавирусот

Ана Ололовска

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

ВИДЕО: Жени во Хрватска се степаа околу носењето заштитни маски

А1он

Белгиската министерка за здравство се појави во Парламентот со необична маска

А1он

351 нов случај на Ковид-19 во Србија, 11 луѓе починале во изминатиот ден

А1он

Швајцарски лекар: Визирот не нуди заштита од Ковид-19

А1он