Кацин: Извинувањето на Николиќ важна државна порака

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин оцени дека извинувањето на српскиот претседател Томислав Николиќ за злосторствата, кои врз Бошњаците ги извршиле поединци во име на Србија, претставува голема и важна државна порака.

– Таа порака во БиХ наиде на големо внимание и сега мошне внимателно се проучува. Не е доволно нешто да се каже еднаш, треба да се види какви ќе бидта натамошните чекори и што ќе биде кажано во некоја друга прилика. Но секако би кажал дека е исклучително добродојдена не само за БиХ – тоа е вистинска порака во вистинското време и на вистинското место, пред утрешната расправа во Собрание, рече Кацин за Танјуг.

Николиќ изјави во интервјуза босанската телевизија БХТ дека се извинува за сите злосторства, кои во Босна и Херцеговина во име на Србија и српскиот народ ги сторил кој било поединец.

Во кусиот извадок од интервјуто за емисијата „Интервју 20“, кој е објавен на Јутјуб, Николиќ на прашањето на новинарката за геноцидот во Сребреница најпрво изјави дека тој мора да се докаже, но додаде дека „клекнува на колена и бара помилување за Србија поради тоа злосторство“.

На забелешката дека се тоа што се случувало во Сребреница укажува на геноцид, тој одговори дека и сето она што се случувало во војните во поранешна Југославија има карактеристики на геноцид.

На инсистирањето на новинарката дека Сребреница сепак носи некаква тежина, претседателот на Србија одоговори:

„Јас клекнуван на колена поради тоа. Еве клекнувам. И барам помилување за Србија поради злосторствата кои се сторени во Сребреница. Се извинувам за злосторствата, кои во име на нашата држава и нашиот народ ги сторил кој било понединец од нашиот народ“.

Во врска со тоа кој е надлежен да се даде конечен став за тоа дали во Сребреница се случил геноцид, Кацин истакна дека ставот е одреден со одлуката на Меѓународниот суд на правдата и оти таа одлука е правосилна и треба да се почитува.

Известувачот на ЕП престојува во посета на Белград, каде заедно со премиерот на Србија Ивица Дачиќ ќе учествува на конференцијата „Србија во безбедноните и економските предизвици на евроатлантскиот простор“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари