Кацин: Добра е идејата Балкан да добие регионална полиција

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан, Јелко Кацин денес оцени дека е добра идејата Балкан да добие регионална полиција Балпол, бидејќи неодамна стана јасно дека криминалот не може успешно да се сузбие, без поврзаност на полицијата.

Тој ги поздравува напорите кои што одат кон зајакнување на институционалната соработка во регионот, особено кога е во прашање борбата против организираниот криминал.

Кацин наведе дека организираните криминални групи и понатаму се присутни во сите држави на Западен Балкан и имаат успешна прекугранична соработка.

-На криминалците мора да им се застане на патот. Се подразбира дека не може да се постигне напредок во таа борба, без ефикасна и константна соработка на полициските органи и правосудството-истакна известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа