Кабинетот на Катругалос: Нова демократија ја извртува реалноста за Договорот од Преспа

Од:

Обвинувања до опозициската Нова демократија дека ја извртува реалноста во однос на Договорот од Преспа, упатуваат од кабинетот на шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во врска со тврдењата на портпаролката на најголемата грчка партија дека Кина одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека е потребна дозвола за употреба од соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

-Неповрзано со договорот и најмалку од 2010 па наваму, врз основа на членот 10 од постоечкиот кинески закон за трговските ознаки, се отфрлаат апликации за регистрација на трговска ознака, независно од земјата на интерес на компанијата, кога ги содржи термините „Macedonia“,„Macedoine“ и изведените зборови. Грција веќе достави соодветен демарш до Министерството за надворешни работи и до Министерството за трговија на Кина за ревизија на соодветната одлука на кинеската Канцеларија за трговски ознаки во однос на новите одредби од договорот, пишува во соопштението од кабинетот на Катругалос.

Како што вчера објави МИА, портпаролката на Нова демократија тврдеше дека Кина на 23 февруари, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција