Јутарњи лист: Ако победи Трамп, Србија ќе биде до Сисак!

Од:

Хрватите треба да се надеваат на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, бидејќи политиката на неговиот републикански противкандидат Доналд Трамп може да ја „донесе Србија јужно од Сисак“, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

„Пристигнувањето на Бајден во Белата куќа би било многу подобро за Хрватска“, пишува весникот, додавајќи дека сигурно е подобро „Соединетите држави да бидат водени од некој што ги разбира проблемите“, а не како што пишува медиумот „продавач на ксенофобична магла како Трамп“.

Хрватскиот медиум убедува и „дека на Бајден не може да му се ускрати стратешкото размислување, што е карактеристика на мудрите државници“.

„Благодарение на Џо Бајден, Америка интервенираше во војните во БиХ, Хрватска и Косово, ги принуди Хрватите и Бошњаците да соработуваат и ја запре фашистичката политика на режимот на Милошевиќ“, пишува меѓу другото „Јутарњи лист“.

Од друга страна, како што се додава во текстот, Трамп е „опасен затоа што пред две години неговиот тим, помисли на промена на границите меѓу Србија и Косово “, што веднаш предизвика реакција и го наведе Милорад Додик да побара отцепување на Република Српска од БиХ“.

„Јутарњи Лист“ смета дека таквите политики „имаат директно влијание врз Хрватска“ и дека Бајден е подобар кандидат за претседател на САД за Хрватите.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус