Јуропиан вестерн Балкан: Хрватката Шуица најверојатен кандидат за еврокомесар за проширување

Од:

Европарламентарката од Хрватска Дубравка Шуица од редовите на ЕПП најверојатно ќе биде предложена за комесар за проширување во Комисијата предводена од Урсула фон дер Лајен, објави Јуропиан вестерн Балкан, повикувајќи се на неколку извори од Брисел.

Шуица од хрватската Влада во август беше номинирана за еден 27 еврокомесари, а Фон Дер Лајен се очекува во вторник да ги соопшти имињата на номинираните. Доколку бидат одобрени од Европскиот Парламент новите еврокомесари својот мандат ќе го започнат на 1 ноември.

Инаку Шуица е член на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) од 1990 година, а од 2001 до 2009 година беше градоначалник на Дубровник. Таа е член на Европарламентот од 2013 година, а во 2019 е избрана за потпретседател на Европската народна партија (ЕПП).

Таа се залага за зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а на тој пат посебно ја поддржува Босна и Херцеговина. Сепак, во неколку наврати рече дека е нереално да се очекува Србија да стане членка на ЕУ до 2025 година.

Во текот на летото, европските медиуми информираа дека и Словенија и Унгарија се заинтересирани за ресорот проширување и соседска политика, кој досега го имаше Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски