Хрватскиот претседател во заминување Иво Јосиповиќ вчера официјално и ја предаде должноста на новоизбраната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Церемонијата на примопредавање се одржа во канцеларијата на претседателот, каде претседателскиот мандат на Грабар-Китаровиќ официјално започна на полноќ.
– Имавме интересен и добар состанок. Ја запознав со сите детали на функционирање на канцеларијатра за полесно и веднаш да почне да работи. Уште еднаш и честитам и и посакувам успешна работа, изјави Јосиповиќ по состанокот.
Грабар-Китаровиќ наведе дека е задоволна од разговорот и му посака на Јосиповиќ успех во политичка кариера и во приватниот живот.
Во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, Грабар-Китаровиќ го победи Јосиповиќ и стана првата жена претседател во хрватската историја.