Јосиповиќ: Односите со Србија се подобри

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека тезата дека настапил леден период во односите на Хрватска и Србија, не е точна и дека произлегува од заладената реторика со оглед на одредени изјави од Србија.

Според него државите соработуваат за решавање на одредени прашања.

-Далеку сме од тоа сите прашања да бидат решени, но официјалните лица од двете страни имаа средби на мултилатерално ниво како и меѓусебни посети, има соработка и кога се во прашање криминалот и воените злосторници, се отвораат компании и од едната и другата страна, спортски клубови и така натаму – изјави тој.

Јосиповиќ оцени дека повод за тезата за ледениот период е што нема официјални средби помеѓу него и претседателот на Србија Томислав Николиќ.

-Ќе се сретнеме тогаш кога ќе можеме своите граѓани да ги увериме дека носиме некој добар ветер, а за тоа време ќе се водат разговори. Ние немаме никакви спорови и не ни се потребни посредници. Не потребно да имаме средби на неутрален терен – нагласи хрватскиот претседател.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари