Досегашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ изјави денеска во Загреб дека нема да се врати во Социјалдемократската партија бидејќи во овој момент партијата не сака да придвижи „сериозни реформи на општеството“.
– Предлагав голем пакет реформи. Во овој момент СДП или раководството, не сака такви промени во општеството, објасни Јосиповиќ.
– Тоа е причината поради која не гледам смисла да се вратам во партијата за да учествувам во политиката за која мислам дека не е добра, додаде тој.
Јосиповиќ тврди дека останува во политиката.
Беше претседател на Хрватска пет години од февруари 2010 година. Се очекува денеска да ја предаде функцијата на Колинда Грабар Китаровиќ. Предавањето на функцијата ќе се одржи попладнево во кабинетот на претседателот без присуство на медиумите.