Јосиповиќ: Хрватска е подготвена за арбитража со Словенија

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска во Загреб изјави дека Хрватска добро раководи со предметот во врска со арбитражата околу граничниот спор со Словенија, пренесува Танјуг.

Јосиповиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали, со оглед на тоа дека словенечката влада вториот предлог од меморандумот во врска со арбитражата му го препушти на парламентот кој денеска расправа за него, и хрватската влада треба истото да го стори, изјави дека тоа е „ типично прашање за кое главниот збор го има владата“.

-Владата се консултира стручно и политички, постои експертска група која работи на тоа, па според тоа, мислам дека кај нас добро се управува со предметот, рече Јосиповиќ по разговорот со претседателот на црногорскиот парламент Ранко Кривокапиќ, јави Хина.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша надлежноста за одлучување за словенечкиот поднесок до Постојаниот Арбитражен суд во Хаг во врска со граничниот спор со Хрватска му го префрли на парламентот, наведувајќи дека во документот, што го предложија домашни и странски стручњаци, треба да се извршат помали измени.

Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец денеска, меѓутоа, се спротивстави на измената на поднесокот што Словенија, најдоцна до 11 февруари, треба да го достави до Арбитражниот суд.

-Новиот предлог е штетен за словенечките интереси и тешко е да се аргументира, изјави Ерјавец пред почетокот на затворената седница на парламентарниот Одбор за надворешна политика.

Ерјавец изјавио дека не му е познато кој ја предложи измената на поднесокот, но дека кружат приказни дека стануива збор за материјал на некогашниот претседател на Словенечката народна партија Маријан Подобник и неговите соработници.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он