Јоксимовиќ: Србија доби зелено светло од земјите-членки на ЕУ за отворање на кластерот 4

Од:

На денешниот редовен состанок на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел (КОРЕПЕР) беше потврдена одлуката за отворање на Кластерот 4 – Зелена агенда и одржливата поврзаност, односно одлуката за отворање четири нови преговарачки поглавја во преговорите со Република Србија: 14 Транспортна политика, 15 Енергетиката, 21 Трансевропски мрежи и 27 Животна средина и климатски промени, јави дописникот на МИА од Белград.

-Формалната процедура за отворање на Кластерот 4 ќе се одржи на Меѓувладината конференција меѓу Европската унија и Србија, што ќе се одржи во Брисел на 14 декември, соопштија од министерството за евроинтеграции.

Со отворањето на кластерот, ЕУ ја препозна работа на Србија во областа на владеењето на правото, правдата, борбата против корупцијата, организираниот криминал.

-Посебно беше препознаена определбата на Србија за унапредување на судството, со измена на уставните амандмани со кои се регулира оваа област. Спроведена е сериозна, инклузивна и транспарентна постапка за промена на Уставот, а целта на овие реформи е да се спречи политичкото влијание врз судството, да се зајакне ефикасноста и независноста на судовите и судството, со што ќе се овозможи на сите српски граѓани фер пристап до правдата и судскиот систем, изјави министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Со оваа одлука ЕУ го потврди сработеното во однос на исполнувањето на критериумите и одредниците во областа на Зелената агенда, на прво место животната средина, енергетиката и одржливото поврзување.

-Со исполнувањето на сите критериуми за отворање на четири преговарачки поглавја во Кластер 4, Србија покажа несомнен капацитет и политичка одлучност на време да влезе во матрицата на промени во мирната трансформација кон целите на Зелениот договор и Зелената агенда за Западен Балкан и да работи со ЕУ за проекти за одржлив развој, заштита на животната средина, енергетската транзиција и одржливо поврзување, изјави Јоксимовиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати