Јоксимовиќ: ЕУ да го исфрли Бриселскиот договор од поглавјето 35 во пристапните преговори на Србија

Од:

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ оцени дека ако Европската унија, како посредник и гарант, го прифати актуелниот однос на Приштина кон дијалогот и Бриселскиот договор, очекува од Европската комисија да го испразни поглавјето 35, која го следи спроведувањето на тој документ, да го испразни од дополнителна содржина и да остане како и за другите земји поврзани со таканаречените „други прашања“.

Јоксимовиќ истакна дека со сегашната содржина поглавјето 35 повеќе не може делотворно да се надгледува.

– Затоа, на никаков начин не може да биде услов за продолжување на нашиот процес на преговори за пристапување и отворање на други поглавја, истакна Јоксимовиќ на прашањето на Танјуг како влијае платформата од Приштина врз процесот на преговори на Србија со ЕУ.

Според неа, по таквата платформа која недвосмислено го негира Бриселскиот договор, „нема повеќе што да се следи, бидејќи една од страните, односно Приштина, јасно рече дека не ги почитува и нема намера да го спроведе Бриселскиот договор“.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов